Почетна / Серии / Скандинавската трилер серија „Мост“ од вторник во 22:15 на МТВ 1

Скандинавската трилер серија „Мост“ од вторник во 22:15 на МТВ 1

 

“Bron”/”Broen” – скандинавска хит серија стартува на Прва

 

Една од најпознатите скандинавски серии започнува на првиот канал на Македонската телевизија. По неколкутте емитувани дански, шведски и норвешки крими серии на македонските телевизии, доаѓа серијата која ја нарекуваат “кралица на трилер сериите од Скандинавските земји”.

 

 

Од вторник (19 декември 2017) во 22.15 часот ќе се емитува “Мост”, серија во данско-шведска продукција со снимени 3 сезони и вкупно 30 продолженија. Во главните улоги ги гледаме скандинавските актерски имиња како Рафаел Петерсон, Софија Хелин, Даг Малмберг, Ким Бодниа, Пук Шарбау.

 

 

Содржина :

Едно женско тело е откриено на мост, кој ја означува границата помеѓу Шведска и Данска, а за детективите претставува најкомплициран случај. Ова е само почеток на планот на убиецот кој себеси се нарекува терорист на вистината, и сака на властите да им ги отвори очите.

 

 

Шведската и данската полиција заеднички го решаваат случајот. Текот на истрагата покажува дека се работи не само за едно, туку за две убиства. Полицајците од двете земји очајнички се обидуваат да го пронајдат убиецот кој ги преминува сите граници на злодела за да ја пренесе својата порака. Кога сè ќе се заврши, животот на ликовите веќе нема да биде ист.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply