Почетна / Живот / Преживување во Хрватска на „Голи и престрашени“ на 2 октомври

Преживување во Хрватска на „Голи и престрашени“ на 2 октомври

 

2 октомври | 00:00 ч. |Discovery Channel

 

Во Хрватскиот национален парк Копачки Рит е снимена новата епизода  на серијалот „Голи и престрашени“ која Дискавери премиерно ќе ја прикаже во недела на 2 октомври точно на полноќ.

  Концептот е наизглед едноставен- двајца потполни странци, еден маж и една жена, се оставени на одбрана локација без храна, вода и облека. Мора да преживеат 21 ден потпирајќи се само на својата сила, а со себе не смеат да понесат ништо освен еден личен предмет.

 

 

Во Копачки Рит, екипата на Дискавери ги остави Стејси Осорио и Ли Тру, со упатство дека за преживување не смеат да ловат птици и дивеч. Стејси искуството од снимањето во Хрватска ќе го памети цел живот по несреќата која ја преживеала, а која можела  да заврши кобно. Среќниот крај на приказната го должи на добрите луѓе од Хрватска и во нивна чест ја истетовирала картата на Хрватска.

 

 

Природните убавини на Хрватска се идеална локација за снимање на популарни серијали за преживување. Дискавери каналот ги искористи националните паркови Копачки Рит и Велебит оваа година како локација за снимање на две серии за преживување: „Голи и престрашени“ и „Преживување во двојки“, чии премиери ги очекуваме во ноември.

Репризата на епизодата снимена на Копачки Рит може да ја проследите на 9 октомври во 23 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!