Почетна / Серии / Теленовели / Вљубеник во моторите и музиката – кој е Озан од „Парампарче“?

Вљубеник во моторите и музиката – кој е Озан од „Парампарче“?

 

“Озан е многу иритантен и нервозен” – открива актерот што го толкува

 

Бурак Тозкопаран е 25 годишниот актер кој имаме можност да го гледаме во турската драма „Парампарче“ во улогата на Озан, еден од главните ликови во семејството. Инаку тој се занимава со свирање на тапани, и ова му е прво актерско искуство. И токму во низата интервјуа со актерите од “Парампарче”, следува нешто и за Озан, миленикот на девојкит, во продолжение.

 

 

Музиката во животот ви е прилично важна. Како се викал вашиот гимназиски бенд?

Всушност, не бев во еден, туку во повеќе бендови. Сепак, бендот што траеше најмногу и со кој најмногу настапував, беше наречен „Син патлиџан“ (се смее). Сите сме големи фанови на Red Hot Chilli Peppers, се уште е така. Кога беа во Турција, отидовме на концертот и го гледавме од првите редици. Ние сме петчлен бенд, слушавме нешто на таа линија и направивме наши преработки.

Сѐ состанувате ли се уште и создавате ли музика?

Сѐ уште се гледаме, но во оваа голема гужва не наоѓаме време за создавање музика, за жал.

 

 

Тапанар сте, претпоставувам дека сте го гледале хит-филмот “Whiplash”. За каков го сметате од техничка страна?

Секако сфаќав дека станува збор за некој кој вежбал свирење тапани, но можам да кажам дека имаше одредени проблеми со синхронизацијата. Но, лично можам да кажам дека никогаш не требаше да ги ставам рацете во мраз студена вода. Да, тие сцени беа прилично дрматични, можеби затоа што свиреше џез. Но кога би ме прашале мене, да сум јас наместо него исфрлен од училиште, јас би почнал да создавам рок, зошто сеуште се занимава со џез! (Се смее)

 

 

А кога ве заинтересира вас музиката?

Мислам, уште од татko mi. Ние потекнуваме од Ризе, и можам да кажам дека доаѓам од конзервативно семејство. Меѓутоа, татко ми во врска со тоа имаше пошироки сфаќања. Во војска од него барале да го свири Ферди Тајфур, но тој го свирел Стиви Вондер, помалку е бунтовен. Ме одгледа да го слушам Фил Колинс и слично, секогаш дома пушташе странска музика.

 

 

Кажавте дека имате резервиран пристап во кино, зошто?

Јас сум во овој свет многу малку време и за среќа имам голема прилика како што се Еркан Петекаја и Нурѓул Јешилчај, и снимањето ми е едноставно како училиште. Значи, морав да се развивам во тој краток период. На пример, на почетокот не можев да се гледам себе си на екран, но сега можам. Гледајќи ги своите грешки, се учам подобро да глумам.

 

 

Како точно се случи преминувањето во глумата?

Во 2011 година на натпреварот Vodafone Free Zone бев првиот инструменталист, а на натпреварувањето таа година спонзор беше универзитетот Окан, па така добив стипендија. Кој добро се чувствува, добро и изгледа. Ако во некоја облека не се чувствувам добро, туѓото одобрување не го сметам за вистинско. Човек изгледа добро кога се чувствува добро. Не сонувам поставувајќи си услови.

 

 

Со кој би сакале да глумите во ист филм?

Бред Пит!

Сонувате ли за Холивуд?

Не. Не сонувам, само сакам некои работи, но не поставувам услови, не сакам да ја уништам магијата.

 

 

Во серијата „Парампарче“ го глумите ликот на Озан, дали имате сличности со него?

Имаме некои заеднички особини, но Озан е многу иритантна личност. Донесува одлуки поради кои подоцна се кае и прилично е нервозен. Всушност тој е комплициран лик, а јас не сум таков.

Што никогаш не би направиле да сте на местото на Озан?

Да сум на негово место, не би бил толку неодговорен, молчалив и пасивен. Поинаку би ги покажал своите ставови и повнимателно би реагирал за подоцна да не се каам, како што се кае Озан.

 

 

Кога почна вашата љубов за моторциклите?

Извор на мојот стил и љубовта за моторциклите секогаш е Адам Левин. Солистот на Morron 5 е и музичар и актер. Многу ги проколнував родителите да ми купат автомобил, но не ми го купија. На татко ми за инает му реков: „Кога ти не сакаш да ми купиш автомобил, јас ќе си купам моторцикл“, и си купив Harley Davidson. Но потоа го продадов, бидејќи ми требаа пари, сеуште не бев почнал да се занимавам со глума.

 

 

Значи сѐ уште правите што ќе си зацртате?

Да, истото вреди и за глумата. Си дадов две години и си реков, ако за тоа време никаде не успеам, ќе напуштам се. За среќа, на крајот на првата година ми беше загарантирано дека ќе се занимавам со оваа работа.

 

 

Какви жени ви се допаѓаат?

Ми се допаѓаат црни и бринети. Не можам да кажам дека не придавам важност на телесните особини. Ми се допаѓа кревката силуета…

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …

Leave a Reply