Почетна / Телевизија / Телевизија Нова со отворено студио во живо за изборите во САД

Телевизија Нова со отворено студио во живо за изборите во САД

 

Клинтон или Трамп? Најголемиот светски настан во живо и во Македонија

 

 

Кандидатот за претседател на демократите Хилари Клинтон или кандидатот на републиуканците Доналд Трамп? Кој ќе седне на претседателското столче во најмоќната земја во светот? Дали за прв пат во историјата ќе седне жена, или пак истото ќе биде резервирано за нејзиниот опонент од посилниот пол? Америка пред историска одлука за претседател. Најновата и последна анкета денес објавена од ABC и Вашингтон пост говори за пет посто водство на Клинтон наспрема Трамп.

 

 

ТВ Нова со Отворено студио ве води на изборите во САД. Осми ноември, вторник, од 20 часот, па се до прогласувањето на победникот.

Директни вклучувања на Анита Петровска Рајковиќ од Америка, пребројување на гласовите, анализи, гости…

 

 

Телевизија Нова како специјализирана информативна програма последниот период изненади со пратење на многубројни настани во живо како за поплавите и земјотресите во Скопје, терористичките напади во Минхен, Истанбул итн., па затоа очекуваме подеднакво квалитетни пренос и анализи и овој пат.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!