Почетна / Телевизија / Детската играна серија „5+ Фамилија“ во 18:55 часот на МТВ 1

Детската играна серија „5+ Фамилија“ во 18:55 часот на МТВ 1

 
Нова сезона од познатата детска емисија со вашиот Петко
 
 
Петко, Лина, Цветко и Комшо секојдневно ќе ги учат дечињата на здрава исхрана, ќе ја подигнуваат еколошката свест и ќе ги насочуваат најмладите на позитивно однесување во новата сезона која стартува на Македонската телевизија.
 
 

Емисијата “5 плус” е интерактивен тип емисија со забавно едукативен карактер која од понеделник до петок ќе се емитува на првиот канал на Македонската телевизија пред централниот Дневник. 5 плус е комбинација од тематски емисии со интересни гости и интерактивни игри наменети за деца. Репризата на играната серија за деца ќе биде наутро во 9.25 часот, а новата сезона ќе брои околу 40-тина нови авантури.

 
 
Покрај водителот, во емисијата има и маскота – кучето Петко. Маскотата има активна улога во емисијата и служи како поддршка на водителот при водењето на емисијата. Ликот на Петко е конструиран на начин кој овозможува лесна идентификација на децата со него, а крајната  цел е децата да присвојат дел од позитивните навики кои ги промовира Петко.
 
 
“5 плус” е образовна иницијатива со намера да ја подобри реалноста и да создаде нов медиумски простор кој ќе образува и забавува.
Децата заслужуваат шанса да растат и учат, за да можат подобро да се разберат себеси и другите. Да размислуваат, сонуваат и откриваат, да ги остварат сопствените можности.
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …