Почетна / Живот / Забрани и копирања, но… ТВ Пакет останува уникатен во пренос на критиката

Забрани и копирања, но… ТВ Пакет останува уникатен во пренос на критиката

 

ТВ Пакет е единствен портал на пазарот кој генерално се занимава со презентација и критика на телевизиските содржини кои се емитуваат на македонските телевизии. Низ времето, дел од нашите статии не им се допаднале на неколкумина индиректно погодени од напишаното, и кои на ваков или онаков начин се обиделе да нѐ натераат да ги “тргнеме” критички упатените текстови или забраниле користење на нивното име и лого.

 

 

На тој начин се обиделе да ја згазат демократијата на македонското новинарство и слобода во критиката која очигледно на некоја од телевизиите и не ѝ се допаднала многу. Сепак, ТВ Пакет продолжува и понатаму во исто и дури засилено темпо да информира за најдобрите и со издржана критика да посочи на грешките кои се случуваат во македонскиот медиумски простор.

На нашиот сајт секогаш ќе има простор за медиуми кои вредно работат на задоволување на вкусовите на гледчката публика или поставување на повисоки стандарди во телевизиската индустија. Време секогаш ќе одвоиме за квалитетни македонски играни продукции како Преспав, Инсајдер или На терапија, простор секогаш ќе има за вашите омилени турски серии и гејм шоуа на Сител телевизија, забавните шоу програми на ТВ 24, светските блокбастери на Телма и МТВ, политичките дебати и истраги на Телма, ТВ 24 и Алфа, мемоарите на македонската кинематографија на Наша… а со будно око ќе ги следиме и понатаму сите новости врзани со нашите локални и мали телевизии, но големи пријатели.

Простор за суети и шунд не постои на овој телевизиски портал, па токму поради уникатните текстови и ексклузивни информации кои ги објавуваме, информираме дека – со секој превземен текст од нашиот сајт мора да биде наведен изворот на превземениот текст. Доколку забележиме дека и понатаму одредени портали или телевизии ги пренесуваат нашите текстови како свои, ќе бидеме приморани да превземеме законски мерки за нарушени авторски права.

 

Со почит и секогаш со вас читателите,

Ваш ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80 локации во Македонија по деветти пат ќе потонат во мрак

  Деветта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција …

Leave a Reply