Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / МТМ ќе го емитува „Тра ла ла“ концертот на филмска музика

МТМ ќе го емитува „Тра ла ла“ концертот на филмска музика

Во сабота на 14.ти септември во 21 часот на прва скопска МТМ телевизија ќе се емитува 20-тото издание на Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА 2019. Фестивалот се одржа изминатиот месец во Охрид и Битола, а учество зедоа солисти од 14-26 годишна возарст од 22 држави.

 Во досегашните изданија на фестивалот ТРА ЛА ЛА покрај учесниците од Македонија, земаат учество и репрезенти и делегации, солисти и вокални групи од многу земји. Проектот има за цел да придонесе во развојот на музичката култура во нашата држава и јакнење на натпреварувачкиот дух кај младите. Со тоа се допринесува во афирмацијата на македонската и светската естрада, дел од партиципантите се учесници на голем број европски и светски манифестации како детската Евровизија, Сан Ремо џуниор, Славјански базар и многу други познати случувања.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!