Почетна / Телевизија / Видео | Македонка го означи стартот на новата сезона на „Ѕвездички“

Видео | Македонка го означи стартот на новата сезона на „Ѕвездички“

 

Нашата нова надеж и ѕвезда – Александра Трајческа

 

Вечерва на Сител телевизија со почеток во 21 часот започнува новата сезона од регионалното музичко шоу “Пинкови ѕвездички”. На самиот старт на отворањето на новата сезона ќе настапи македонска кандидатка. Се работи за 12-годишната Александра Трајческа од Прилеп која ќе се претстави со “Like I’m gonna lose you” од Меган Трејнор. Нашата слатка и талентирана ѕвездичка, по примерот на минатогодишните наши кандидатки, ќе ја воодушеви жири комисијата.

 

 

Ќе се согласиме со коментарот на Јелена по нејзиниот настап дека Александра е толку многу мила, убавка и дека сето тоа што го пее звучи мило и на своето вистинско место. На Сале Тропико, нашето девојче му ја пренесе целата својата енергија и ритмот на песната, гестовите и настапот.

– Гласот кој го слушнав е како пред мене да е цртаната Ѕвончица. Сето тоа мило пеење и милување на мелодијата звучи ултрапрофесионално. Ти веќе имаш свој некој стил, свој фазон и тоа вреди повторно да се чуе и види и понатаму во шоуто. – беше коментарот на Леонтина.

 

 

Па почитувани гледачи, по првиот настап сме убедени дека следниве месеци ќе има за кого да пишуваме и кого да фаворизираме. Во продолжение настапот на Александра, а вечерва на Сител првата емисија од третата сезона на “Ѕвездичките на Пинк”.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Во спотови на Пендаровски и Османи учествуваат малолетници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување за Претседателските …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!