Почетна / Филм / „Упс, грешка. Вратете го Оскарот“ – скандал на големото доделување

„Упс, грешка. Вратете го Оскарот“ – скандал на големото доделување

 

Што всушност се случи на завршницата на Оскарите?

 

 

Романтичниот мјузикл и најголем фаворит „Ла Ла Ленд“, освои шест Оскари на 89. доделување на Оскарите од страна на Американската академија за филмска уметност и наука. “Ла ла Ленд” доби оскар за најдобра режија, главна женска улога, фотографија, музика, песна и сценографија, но … за момент доби Оскар и за најдобар филм. Што всушност се случи на завршетокот на Оскарите?

 


 

На крајот на гламурозната церемонија, дојде до голем кикс, кога Феј Данавеј, која со Ворен Бити ја доделуваше наградата за најдобар филм, погрешно прочита дека добитник е „Ла Ла ленд“. И додека режисерот Демиен Шазел и тимот излегоа на сцена, се заблагодаруваа и зборуваа, нивниот продуцент Џастин Хоровиц ги прекина, велејќи им дека дошло до грешка и дека Оскарот го добива всушност „Moonlight“. На тој начин на Лала Лендовците им беше земен Оскарот.

 

 

Што всушност се случило? Ворен Бити го добил ковертот со името на Ема Стоун и филмот „Ла Ла Ленд“, па се збуни и накусо запре, подавајќи и го на Феј ковертот за таа да го прочита добитникот. Тие помислиле дека Ла Ла Ленд е најдобар филм, но во пликото се работело за главната женска улога од Ла Ла Ленд, а не добитникот за најдобар филм.

 

 

Режисерот Бери Џенкинс и тимот од „Moonlight“ прво не можеа да веруваат што се случува, но радоста на крајот беше неизбежна.

Дел од одговорноста превзеде и водителот Џим Кимел, кој рече дека никогаш повеќе нема да биде домаќин на ваков настан. Како и да е, оваа ситуација ја засени целата манифестација и уште долго време ќе се памети како најголем гаф на Оскарите.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд кино на Сител со италијански вестерн, романса и комедија

Во сабота (22 февруари) во пладневниот термин, Сител ќе го емитува италијанскиот вестерн класик “Денес …

error: Содржината е заштитена!