Почетна / Серии / Нова вечерна крими серија на Телма за Готам, градот на Бетмен

Нова вечерна крими серија на Телма за Готам, градот на Бетмен

 

Крими серија на Warner Bros и Фокс од 29 јануари на Телма

 

 

Нова вечерна серија на Телма телевизија. Од понеделник до петок по Топ Тема ќе ја следите приказната за градот Готам во времето пред Бетмен. Приказната започнува со убиството на родителите на малиот Брус Вејн, а во центарот на настаните е детективот Џејмс Гордон кој се бори против криминалот кој владее во овој град.

 

 

Изгледа дека тој е единствениот детектив кој навистина се бори за правда и кој не е корумпиран, а токму оваа карактеристика може да го чини живот…

Џејмс и неговиот партнер, Харви многу брзо и лесно ќе го решат случајот за убиството на родителите на Брус Вејн, но работите не секогаш се онака како што изгледаат.

 

 

Џејмс ќе открие дека за убиството била наместена невина личност и токму овој настан ќе го натера да започне со сопствена потрага на вистинскиот убиец. Тој дури ќе му ја признае вистината и на малиот Брус и ќе му вети дека ќе ја открие мистеријата позади загубата на неговите родители.

 

 

Војната која ќе го преземе овој град ќе однесе голем број криминалци како жртви, но таа исто така ќе помогне и во раѓањето на голем број злобни негативци. Додека сè ова се случува, младиот Брус трпеливо ќе набљудува и токму оваа опсесија со криминалот во градот ќе предизвика еден ден тој да побара одмазда како Бетмен.

 

 

Главните улоги ги толкуваат Кори Мајкл Смит, Бен Мекензи, Доналд Лог, а во САД во моментов се емитува четвртата сезона.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …