Почетна / Забава / Маите Перони со несекојдневен гест – фановите воодушевени

Маите Перони со несекојдневен гест – фановите воодушевени

 

Маричуи ги превзеде работите во свои раце – бесплатен концерт за фановите

 

Познатата латино актерка и пејачка, Маите Перони, ги воодушеви своите фанови. Имено, вчеравечер Маите требаше да одржи концерт во Мадрид, но пред неколку дена, концерот е откажан. Маите на твитер ги извести своите фанови дека концертот не е откажан по нејзина вина и побара извинување од обожавателите. Очигледно причината била организациска, предизвикана од тимот кој го закупувал просторот во Мадрид.

 

 

Веднаш по нејзината изјава, стигнаа лавина реакции од нејзините фанови кои беа лути на Маите и целиот тим, затоа што желно го очекувале тој настан во Мадрид, па дури и фанови од други земји купиле авионски карти за да стигнат на тој ден. Ова веројатно ја погоди младата пејачка и затоа вчеравечер допатува во Шпанија, сама го откупи просторот каде треба да се одржи концертот и без никаква организација, одржа бесплатен концерт за публиката.

 

 

Ова е навистина потег кој треба да го следат и многу други светски и наши ѕвезди.

Маите инаку се прослави со улогата во серијата “Rebelde”, па голема популарност меѓу тинејџерите стекна токму со бендот RBD. По таа улога и тој успех, почна да добива главни улоги. Нејзина најпозната улога стана Маричуи во хит серијата “Напуштен ангел”, каде партнер и беше Вилијам Леви.

 

 

Со Леви се појави и во новелата “Триумф на љубовта”. Сите три серии се своевремено емитувани и во Македонија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!