Почетна / Забава / Евровизија / И покрај бомбардирањата, Украина ги претстави песните за Евросонг

И покрај бомбардирањата, Украина ги претстави песните за Евросонг

И покрај тоа што веќе втора година по ред се случува војна на нивната територија, Украина по секојдневните бомбардирања денеска нивниот национален сервис ги претстави песните учеснички за националниот избор за Евровизија 2024.

И веќе на интернет се шират коментарите дека повторно ќе имаат избор во кои имаат одлични песни и дека со тоа шансите за добар пласман им се зголемуваат. Националниот избор Видбир 2024 најверојатно и оваа година ќе се одржи во скривницата на метрото во Киев како и минатата година. Финлето е закажано за 3 февруари, а од учесниците има и некои кои се обиделе да ја претстават Украина на Евровизија, како и учесникот на Евровизија 2018, Меловин.

И оваа година учествува Џери Хејл која лани имаше најголема шанса да ја претставува Украина, но сепак не победи и годинава настапува во дует со Алиона Алиона. Македонија втора година по ред нема да учествува на Евровизија, па затоа ни останува да ги проследиме другите национални избори кои предизвикуваат внимание на европската музичка јавност.
Во продолжение може да ги слушнете сите песни учеснички на изборот во Украина.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досега 15 европски земји го потврдија учеството на Евровизија 2026

Неполн месец по победата на JJ со Waisted love, Австрија по трет пат ќе биде …

error: Содржината е заштитена!