Почетна / Серии / Теленовели / Дознајте што ве очекува од вечерва во новата сезона на „Парампарче“

Дознајте што ве очекува од вечерва во новата сезона на „Парампарче“

 

Нова драма во животот на богатото семејство на Џихан и Дилара

 

Од вечерва на Сител телевизија започнува новата и последна сезона од драматичната турска серија “Парампарче”. Ликовите се враќаат пред нови и уште поголеми искушенија.

 

 

Животот на главниот јунак е на работ на издржливоста. Семејството на Џихан беше целосно пред распад, а на крајот на минатата сезона, во рацете му умира и саканата Ајше. Што следно го очекува Џихан во новите премиерни епизоди на Сител? Ќе може ли да се спои веќе одамна искршеното и ќе може ли да се продолжи со животот кога станал вистинско парампарче?

 

 

Компанијата им ја препушта на децата, и самиот решава да се оттргне од сите проблеми и трагедии кои ги доживеа во Истанбул. Затоа во едно мало приморско гратче, решава сам да се соочи со тишината и со своето минато, не претпоставувајќи каква опасност следува…

Од друга страна, во вилата се приредува венчавка на неговата бивша сопруга Дилара со Харун. Неочекуван гостин доаѓа во нивниот живот токму на денот на венчавката – сестрата на Дилара, Асуман. Таа е дојдена со една единствена цел – да го уништи животот на семејството, а како погодна личност која ќе и помогне во ковање на ѓаволските планови ја одбира Хазал, ќерката на Дилара и Џихан.

 

 

Следуваат нови проблематични ситуации за Хазал, но и за Џансу, другата ќерка на Џихан и Дилара. Откако тајно се венчаше со сиромашниот Дениз, следува ново изненадување кое ќе им го приреди на семејството. Нејзината бременост ќе внесе нови немири и ќе ги разбранува предрасудите на богатото семејство кон нејзиниот сопруг.

 

 

Што друго ве очекува во турскиот хит “Парампарче”, дознавате веќе од денеска на Сител. Од 19.50 часот следува новата и последна сезона на серијата што го спојува она што одамна е распарчено на мали парчиња.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …

Leave a Reply