Почетна / Филм / Неделно филмче на Сител – комедијата „Русокоса по закон“ во 13:30 часот

Неделно филмче на Сител – комедијата „Русокоса по закон“ во 13:30 часот

 

“Русокоса по закон” – недела, 24 септември, Сител

 

Недела, време пред ручек е време за филм на Сител. Во 13.30 часот ќе се емитува “Legally blonde”, комедија во која главната улога ја толкува Рис Видерспун.

 

 

Филмот зборува за откачената девојка Ел Вудс, членка на калифорниско сестринство, која за да би го задржала својот дечко Варнер, ќе се запише на правната школа на Харвард. На тој чекор се одлучува откако наместо да биде запросена од дечкото, таа ќе добие одговор дека е несериозна и разгалена богаташка која може само да му пречи во понатамошната кариера. Но, дали русокосите се навистина глупави или нашата русокоса по закон ќе го порекне тоа и ќе докаже токму спротивното?

 

 

Овој филм е номиниран на Златен Глобус за најдобра комедија и најдобра женска улога, а во листата на “Најсмешни филмови” на магазинот Браво во 2007 година, му припадна 27.то место.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Култниот филмски серијал „Тесна кожа“ за викенд смеа на Сител

Никогаш доста за југословенскиот хумор кој судејќи по бројките на гледаност е еден од омилените …