Почетна / Живот / Министерот ги искара медиумите да не објавуваат неточни информации

Министерот ги искара медиумите да не објавуваат неточни информации

Многу од македонските медиуми и особено влијателните телевизии се во трка по ексклузивитет за тоа кој ќе објави прв за последниот број на новозаразени од корона вирусот. Информациите кои ги објавуваат медиумите предизвикаа револт кај министерот за здравство, кој се обрати до сите медиуми и новинари. Обраќањето ви го пренесуваме во целост :

“Почитувани медиуми, почиутвани новинари,

Деновиве голем број на медиуми уште рано наутро објаувуваат неофицијални и речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени. Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со медиуми сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација.
Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување.
Непримерно е во ситуација кога имаме секојдневно заболени и секојдневно известуваме и за секоја најмала промена, да се шпекулира со податоци токму од страна на оние кои треба да обезбедат прецизна информација за јавноста. Со тоа се внесуваа конфузија кај населението и недоверба во институциите а искрено верувам дека ова не е целта. Објавувањето број на новозаразени со Ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, зошто станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните. Објавувањето на вакви непроверени информации е уште повеќе несфатливо затоа што Министерството за здравство редовно ги објавува сите информации, а доколку има промени и по неколку пати на ден. Сите прашања на новинарите се одговараат постојано и на дневно ниво.
Искрено се надевам дека оваа пракса ќе престане а ние ќе продолжиме со навременото и точно информирање.”

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена книгата „Кој е главен денес“ од Наташа Конц Лоренцути

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Кој e …

error: Содржината е заштитена!