Почетна / ФОТО / Златен Даб во нова 0,5 литри амбалажа

Златен Даб во нова 0,5 литри амбалажа

 

Златен Даб повторно се појавува на пазарот во подновено издание, во нова стаклена амбалажа од половина литар.

 

 

Новиот полалитарски Златен Даб со промените добива изглед на пиво што може да се мери со познатите пивски брендови. Во стаклена амбалажа со зелена боја, транспарентна етикета и „pull off“ капаче, сите овие новитети се во функција на подобрен квалитет на пивото, изглед, подобрена линија на шишето.

– „Промените на новиот Златен Даб што ги имплементиравме се со цел да го продолжиме започнатиот процес на усовршување и унапредување на омилениот македонски пивски бренд. Секоја од промените е резултат на барањата и потребите на потрошувачите. Стаклената амбалажа е секаде фаворизирана кога станува збор за лесно светло лагер пиво, затоа Прилепска пиварница неодамна влезе во голема инвестиција со купување на нова линија за полнење на пиво во стаклена амбалажа, инвестиција што Златен даб го издигнува до пиво од светски ранг и тоа во секој аспект на производот“, изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница.

Пивото во зелено шише е одлика на најпознатите светски пива и е симбол на традиција во правење пиво. Додека пак стаклената амбалажа ги заштитува свежината и карактеристиките на пивото. Новиот Златен Даб од 0.5 л на тоа ги додава уште и транспарентната етикета и „pull off“ капаче со што станува пиво создадено за сите пивопијци. Овој пат Златен Даб од 0.5 л е со повратна амбалажа.

 

 

Оваа година Прилепска пиварница прославува 90 години постоење, а долгогодишната традиција во производство на македонско пиво ќе ја прослави со отворање на Академија за пиво чија цел е едукација дека пивото не е само пијалак за освежување, туку дека има и многу други бенефити по здравјето на луѓето. На Академијата ќе учествуваат врвни пивски експерти и еминентни стручњаци од пиварската индустрија од овие простори, но и од други европски земји како Германија и Австрија.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Лила ужива со синот во Охрид : Рано ми е за свекрва

Познатата македонска водителка и инфлуенсерка ги продолжува летните одмори во Охрид. По Грција и Турција, …