Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #76 |Alevosía

Предавство, епизода #76 |Alevosía

 

Доња Инес ја дочекува својата пријателка Хулија известувајки ја дека не може повеќе да молчи и дека мора некому да се исповеда. Инес ја известува дека имала долга љубовна афера со Алехандро Салвадор во минатото. Хулија и се колне дека нема никому да го каже тоа што го дознала.

Во меѓувреме, Нурија и заблагодарува на Лусија што е полна со разбирање и и се колне дека никогаш немала намера  да и наштети. Лусија која е свесна за психичките проблеми на Нурија ја сожалува бидејки може да замисли колку е тешко да се загуби дете.

Октавио и Трини разгледуваат стар семен албум и наоѓаат тајни фотографии од Инес и Алехандро Салвадор. Двајцата почнуваат да се сомневаат дека имало нешто помеѓу мајката на Трини и таткото на Марко.

Густаво ја сместува Нурија во психијатриска болница во Мексико Сити и за поздрав и ветува дека морал да го направи тоа за нејзино добро. Нурија очајно плаче и бара да биде пуштена, што го распарува срцето на Педро, нејзиниот сопруг.

Хулија изненадно го посетува сојот поранешен сопруг Алваро кој и признава дека Трини се гледа со Октавио, поранешниот директор на клиниката. Хулија заклучува дека Трини тајно се гледа со киднаперот на нејзината внука.

Двајцата страи пријатели, Педро и Густаво разговараат за минатото. Педро му признава дека отсекогаш бил вљубен во Нурија но немал храброст да му признае. На денот на венчавката и Нурија сфатила дека го љуби Педро повеќе и затоа побегнала со него. Педро бара прошка од Густаво а Густаво му вели дека нема што да прости, дека за љубовта сите прават пропусти.

Веднаш по разговорот со поранешниот сопруг, Хулија и се јавува на Инес и ја известува со кого се гледа нејзината ќерка.

Во меѓувреме Лусија се соочува со својата сестра и ја прашува дали работела со Нурија против неа. Трини во излив на бес и признава дека работела со цел да ги раздели бидејки само ужива во несреќите на постарата сестра. Лусија за време на расправијата доживува несвестица и Трини повикува итна помош.

Алберто на големо работи на куќата која Густаво ја подготвува за Лусија, без нејзино знаење.

Лусија дознава дека ракот и се вратил.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!