Почетна / Спорт / Ѓоковиќ и Троицки како од мајка родени

Ѓоковиќ и Троицки како од мајка родени

 

Јанко Типсаревиќ на „Ролан Гарос“ можете да го видите со рекет, но и со камера во рацете. Српскиот тенисер снима репортажи за „Типс тајм“, а во фокусот на камерманот се најдоа Виктор Троицки и Новак Ѓоковиќ, пишува порталот Прајмтајм.

 

Јанко сакал на навивачите да им покаже што се случува зад кулисите во Париз, па им „влетал“ на другарите од репрезентацијата додека се опоравувале од мечовите. Познато е дека тенисерите често ги опуштаат мускулите со ладни купки, а откако го направил неговиот третман Јанко се пошегувал со Виктор и Новак.

 

 

Типсаревиќ ги фатил неподготвени, потполно голи. Ѓоковиќ успеал набрзина да се прекрие со пешкир, додека Троицки го скрил со пешкир само интимниот дел од телото. На Виктор баш и не му било пријатно кога влегол во ладната купка, па Јанко го храбрел. „Јас бев внатре. Колку? Околу саат време. Можеби направив нешто внатре што дополнително ја крена температурата на водата“, се пошегувал во негов стил десетиот тенисер на светот.

 

 

 

 

 | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хамилтон: Зошто Формула 1 ја ставија во ист термин со финале тенис?

Пред почетокот на викенд трките во Формула 1, Луис Хамилтон ја критикува одлуката да се …