Почетна / Забава / Евровизија / Шведска на Евровизија

Шведска на Евровизија

26/43

 ШВЕДСКА

Изведувач: Loreen
Песна: ‘Euphoria’
2 Полуфинале (24/05/2012)


Иако годинава нивниот Melodifestivalen можам дефинитивно да го оценам како еден од најслабите национални избори, а воопшто и во историјата на овој фестивал, сепак тие го избраа најдоброто што некогаш се појавило, според мене, на таа сцена. Некои ќе речат дека песната е преценета, дека воопшто нема ништо во неа, но „Еуфорија“ за мене е навистина една моќна dance песна и дека покрај толку балади годинава, мислам дека е вистински победник, и веќе е редно после 13 години, eвровизиската сцена да биде наместена во Стокхолм, место каде што Евровизијата е еден од најочекуваните настани во годината. Лорен убедливо ќе биде на врвот, дали на прво, второ или трето место. Се надевам на прво, а до неа веднаш моите други фаворити Исланд. Како и да е, уживајте во овие прекрасни три минути, и да, се надевам настапот ќе остане ист како од Мелодифестивален, бидејќи е легендарен!

 

 

Резултати од националното финале:

01 – 268 – Loreen – Euphoria
02 – 198 – Danny Saucedo – Amazing
03 – 88 – David Lindgren – Shout it out
03 – 88 – Ulrik Munther – Soldiers
05 – 77 – Molly Sandén – Why am i crying?
06 – 68 – Top Cats – Baby doll
07 – 52 – Dead by April – Mystery
08 – 43 – Thorsten Flinck & Revolutionsorkestern – Jag reser mig igen
09 – 39 – Lisa Miskovsky – Why start a fire?
10 – 25 – Björn Ranelid ft. Sara Li – Mirakel

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …