Почетна / Телевизија / Инфо | Саботна филмска треска со програмата на Сител 3

Инфо | Саботна филмска треска со програмата на Сител 3

 

Филмска вечер на Сител 3 телевизија

 

Најгледаната кабловска национална телевизија Сител 3 од пред неколку седмици започна со емитување на премиерни играни филмови, и тоа секоја вечер по еден или два. Доколку решите саботната вечер да ја поминете гледајќи телевизија, а тоа да не се српски фолк шоуа, тогаш ви ги препорачуваме филмовите на Тројка.

 

 

Со почеток во 20.30 часот започнува “Лавина” (Avalanche), американска трилер акција од 1994 година. Во главните улоги настпуваат Мајкл Грос и Дејвид Хаселхоф. Филмот зборува за едно семејство, заробено од лавина, кое ќе мора да му се спротистави на одметнатиот криминалец и да сфати дека несреќата никогаш не доаѓа сама.

Во сабота од 22 часот еден по друг ќе се емитуваат двата дела на “The summit”, американски трилер со Брус Гринвуд, Кристофер Пламер и Рејчел Леверфри.

 

 

Ова е една неверојатна приказна за една храбра мајка која ќе се фати во костец со моќните фармацевтски компании и корумпирани политичари, виновни за смртта на нејзиниот син.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законска обврска – вести во предизборието за лица со сетилна попреченост

Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!