Почетна / Забава / Часот на планетата земја

Часот на планетата земја

 

Во рамки на иницијативата “Часот на планетата Земја“ на 31.03 осветлувањето ќе биде изгаснато на еден час во стотици места ширум светот. Ваквата акција има за цел да го привлече вниманието кон борбата против глобалното затоплување. Оваа година во акцијата ќе учествуваат повеќе од шест илјади градови од 134 држави, а е организирана од Светскиот фонд за природа.

Најпознатите споменици и згради во светот, како што се Операта во Сиднеј, Христос Спасителот во Рио де Женеиро, Емпајер стејт билдинг во Њујорк и Ајфеловата кула во Париз, ќе потонат во мрак во 20.30 часот по локално време.

“Часот на планетата Земја“ е глобален повик до поединците, компаниите и секоја општествена заедница да преземе одговорност и да се вклучи во акцијата за штедење на енергија и зачувување на енергетските ресурси, а со тоа и на заедничката иднина.

Глобалната иницијатива започна во Сиднеј во 2007 година, кога 2,2 милиони семејства и претпријатија ги изгаснаа светлата на еден час, а две години подоцна овој настан стана и светско движење со милиони учесници во 92 земји. За “Часот на планетата Земја“ првото осветлување ќе биде исклучено во Фиџи, а потоа во Нов Зеланд.

Почнувајќи од 2007, GPTM Production активно се вклучува во ова волонтерско случување, со цел да ја приближи ваквата акција поблиску до македонските граѓани. За таа цел се преведени официјалните видео реклами, постери и банери за успешно промовирање на ова светско движење, чиј број на членови рапидно се зголемува. Затоа ве повикуваме на 31.03, сабота, со почеток од 20.30 часот да ги ИСКЛУЧИТЕ ВАШИТЕ СВЕТИЛКИ и да бидете дел од најголемото волонтерско здружување за заштита на природната средина.

 

 

Во рамки на “Часот на планетата Земја“, GPTM Production организира едночасовен онлајн концерт на кој ќе настапува бендот “Problem Solved”, кој ќе биде достапен за сите посетители и фанови на фејсбук страницата на GPTM Production

 

НИЕ МОЖЕМЕ, НИЕ ЌЕ УСПЕЕМЕ, ДАЛИ МОЖЕШ И ТИ?

 

 

 

 

| GPTM Production


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …