Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #65 |Alevosía

Предавство, епизода #65 |Alevosía

 

Анхелес му одговара на Октавио дека страда од амнезија и дека не се сеќава на никого. Го моли да се престстави, но тој ја прекинува линијата.

Мирјам ја посетува Нурија и од неа бара да се врати назад во Мексико сити, бидејки нејзиното присуство само му пречи на Густаво. Тетатката се плаши дека внукот може да направи лудост, па истата сака да ја спречи на време.

Трини ја посетува својата ќерка во болиница и ја прашува Анхелес дали сака да живее со неа. Анхелес и одговара дека веќе и ветула на Лусија дека ќе се врати во вилата.

Октавио кова нов план во затвор, дека кога ќе биде пуштен на слобода ќе се погрижи за оние кои не успеал да ги елиминира како Лусија и Тринидад.

Човекот кој го изнајмил станот на Анхелес е токму новиот претседател на клиниката, Марко Салвадор. Младиот човек се вселува во станот и наидува на фотографија од Анхелес и сфаќа дека станува збор за истата девојка која ја сретна во клиниката.

По разговорот со Мирјам, Нурија му се јавува на Густаво. Хирургот се наоѓа во тесно бидејки е на вечера со Лусија. Докторот ја лаже сопругата дека го барала некоја колешка да праша за здравјето на Анхелес.

Хулија и доња Инес ја посетуваат Анхелес и не можат да разберат како толку се променила. Двете жени ја убедуваат девојката дека треба што поскоро да се врати во вилата на Лусија заедно со целата фамилија.

Густаво ги споделува своите сомнежи со својот пријател Хоакин дека можеби Нурија го лаже, дека можеби таа цело време се гледала со неговиот пријател Педро и дека не ја силувал како што таа вели.

Следниот ден Трини ја посетува Анхелес и ја прашува дали постои можност да ја предомисли и да живее со неа. Анхелес и офговара дека веќе решила дека ќе живее со Лусија.

Во клиниката, Густаво и Марко го имаат првиот важен состанок, кој што поминува во ред.

Моника и се жали на својат апријателка Сеси дека Трини ги има во своја контрола сите добра и документи на нејзиниот татко и дека се плаши оти ќе ја остави на улица. Сеси ја известува својат апријателка дека сега откако Анхелес излегла од кома ќе се врати во САД кај саканиот Хаиме.

Лусија добива анонимно писмо во кое вели “ништо не е готово“ со потпи О. Веднаш и се јавува на Нати и ја известува за писмото и и вели дека иако не е потпишано името сигурна е дека се работи за Октавио.

Трини ја напаѓа Хулија, префрлајки и дека влијаела врз одлуката на Анхелес да остане да живее кај Лусија. И се заканува дека ќе направи се за нејзините деца Дарио и Моника да останат на улица.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …