Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 11-от ден

Срвајвр – пресек на 11-от ден

Племето Борука одлучи да го среди кампот, бидејќи нередот не му одговара никому. Фигуративно, изгледа дека полесно им оди чистењето на совеста отколку на кампот. Станија и Ава повторно прават шоу, но овој пат без Алекс, додека таа се “рехабилитира” со Миа и Јелена.

 

 

Пресек на 11-от ден

 

Племето Борука одлучи да го среди кампот, бидејќи нередот не му одговара никому. Фигуративно, изгледа дека полесно им оди чистењето на совеста отколку на кампот. Станија и Ава повторно прават шоу, но овој пат без Алекс, додека таа се “рехабилитира” со Миа и Јелена.

Додека Алекс ужива на Островот на исфрлените, каде веднш се здружи со Миа и со Јелена, во Борука летаат перја. Станија одлучно ги изнесува своите ставови пред целото племе, револтирана од однесувањето на Алекс и на момците, кои ги обвинува дека се во клан против девојките. Меѓутоа, машкиот дел од екипата не наседнува на провокацијата, па Станија добива образложение од Огњен дека од Борука ќе си оди најслабиот натпреварувач, а тоа се кандидати од редот на девојките.

 

Откако ситуацијата малку се смири, Станија ја испровоцира Ава да и признае дека и се допаѓа Владо. И додека Алекс е главна тема во Борука, Борука е главна тема на Островот на исфрлените. Алекс ни ранецот не го спушти, а веќе почна да им се жали на Миа и на Јелена од односот на своето племе. Вели дека живееле како да се во војска и оти само планирале стратегии.

Во Матамбо денот минува полека… Марко и Радован разговараат за се и сешто, па Марко ја користи шансата да го задева Радован за Александра. Радован признава дека би му било полесно доколку Александра била до него.

 

Александра очигледно ги заинтригира двете племиња, но никој не беше подготвен за изненадувањето кое таа го приреди во Малата борба. За да го освојат ѓерданот за црниот или дуплиот глас пред Племенскиот совет, натпреварувачите од Борука треба со топка да ја погодат прилично одалечената плочка. Владо и Александра беа единствените кои успешно го сторија тоа, но победата ја однесе Македонката. Алекс сеуште не соопштува дека не го пронашла имунитетот, а племето го очекува првиот Племенски совет.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …