Почетна / Серии / „Црно огледало“ на Телма – антологиска фикција со сатирични теми

„Црно огледало“ на Телма – антологиска фикција со сатирични теми

 

Научно фантастична трилер серија на Телма во 21.20 часот

 

“Црно огледало” е британска мини серија, која започнува на Телма телевизија и ќе се емитува секој петок во 21.20 часот. Серијата го истражува влијанието на новите медии и технологии врз нашите животи. Сите три епизоди во двете сезони се сместени во поблиска или поодалечна иднина, а секоја од епизодите е приказна за себе.

 

 

Во изминатите 10 години, технологијата ги преобразила скоро сите аспекти на животот пред било што да можело да се превземе или спречи. Во секој дом, на секоја маса, на секоја дланка – плазма екрани, смартфони, монитори – црно огледало на нашата егзистенција во 21 век. Поимот за реалноста се менува од ден за ден. Сега веќе клекнуваме пред олтарите наречени Гугл и Епл, а пак Фејсбук не познава подобро и од нашите родители. Имаме пристап до сите информации во светот, но и не доволно простор во нашите мозоци да ги апсорбираме сите.

 

 

“Црното огледало” е хибрид на “Зона на самракот”, која влегува во колективната нелагодност на современиот свет. Секоја од епизодите на серијата е остроумно напната, сатирична приказна за паранојата предизвикана од технологијата и сите епизоди се плод на фикцијата, некои приказни се комични, некои шокантни, но поинакви од сите серии што сте ги гледале досега.

Серијата е добитник на ЕМИ награда, а во главните улоги настапуваат: Bryony Neylan-Francis, Shawn Aldin-Burnett, Daniel Kaluuya

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кошарката живее преку српската серија „Светски прваци” на Алфа

Српска серија која раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, прикажувајќи ја преку повеќе …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!