Почетна / Забава / Евровизија / Исланд на Евровизија 2016 со мистичната нумера „Hear them calling“

Исланд на Евровизија 2016 со мистичната нумера „Hear them calling“

 

Исланд на Евровизија во првото полуфинале со поп инди песна

 

Oваа прекрасна и мистична земја за прв пат на Евровизија настапува во 1986 година. Досега најдобриот пласман им е второ место, и тоа два пати во 1999 и 2009 година. За жал оваа земја е една од најпотценетите на ова музичко натпреварување и веќе долго време праќа доволно добри песни за победа, па се надеваме дека можеби токму годинава е нивната среќа. На 13 јули минатата година тие го потврдија своето учество во Стокхоклм и секако нивниот традиционален начин на избор Söngvakeppnin кој се оддржува од 2006 година. Двете полуфиналиња беа оддржани на 6 и 13 февруари во кои преку само гласови од публика беа одбрани по три финалисти. На 20 февруари се оддржа финалето и со 61,32% од гласовите, со убедлива победа беше одлучено дека во Стокхолм ќе ги претставува Грета Саломе со мистичната нумера Hear Them Calling.

 

Greta Salóme Stefánsdóttir не е непозната кога е во прашање Евровизија. Во 2012-та година таа и Jónsi се пласираа во финале со неверојатната изведба на Never Forget. Таа е една од најпознатите пејачки во својата земја а и е виолинистка во Исландскиот симфониски оркестар. Во 2012 година го издава својот прв албум насловен In The Silence. За жал прекрасната изведба на Hear Them Callin најпрво беше исполнета на исландски јазик, насловена како Raddirnar, но на крајот е одлучено песната сепак да биде на Евровизија на англиски јазик.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ана и Алексеј со „Маратон“ ќе нè претставуваат на детската Евровизија

И додека Македонија трета година по ред нема да учествува на главната Евровизија во Базел, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!