Почетна / Забава / Евровизија / Холандија го избра својот евровизиски претставник

Холандија го избра својот евровизиски претставник

 

Во средата, на својот Фејсбук профил во видео порака популарната супер ѕвезда Анук ја објави веста која се шпекулираше веќе долго време, дека ќе ја претставува својата земја Холандија на 58. издание на „Евровизија“ во Малме, Шведска.

 

 

Во својата матична земја Анук не е ништо повеќе од супер ѕвезда со осум албуми кои го држеле првото место во Холандија и неколку други хитови на белгиските и интернационални топ листи. Сега, откако ја праќаат една од своите најпопуларни и искусни изведувачи, можеби оваа надежна нација ќе заземе повторно место во Големото финале на 18-ти мај.

Анук (37) има реализирано осум студиски албуми, а нејзин најпопуларен хит е Nobody’s Wife што го освои првото место во неколку европски држави во далечната 1997. Повеќе информации околу нејзината песна ќе бидат објавени наскоро.

 

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Црна Гора одбра песна – се враќа на голема врата на Евровизија 2025

Вечерва во Подгорица, Црна Гора, се одржа националниoт избор за Евровизија 2025, Montesong 2024, со …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!