Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Учесниците во ТЛЗП љубоморни на Елена – платен и бил превозот!

Учесниците во ТЛЗП љубоморни на Елена – платен и бил превозот!

 

Иако на малите екрани учесниците од втората сезона на хуманитарната шоу програма „Твоето лице звучи познато“ изгледаат како одлично да се дружат и забавуваат, ситуацијата е сосема поинаква кога ќе се исклучат камерите.

 

Меѓу учесниците владее суета, оговарање и љубомора!

 

„Најгласна е Неда. Покрај тоа што е најголема ѕвезда меѓу натпреварувачите, таа сака постојано да и се кажува тоа. Тешко се помирува со годините, па често ги критикува помладите колешки. На една и замерува за пеењето, на друга за костимот, на трета за имитацијата… Најостра е кон Катарина Богичевиќ, која во една прилика ја праша: Малечка, што ќе ти е сето ова? Имаш само 16 години. Дали си се запрашала како луѓето ќе те гледаат? Тоа не е за тебе,“ – пренесе еден од вработените во ова шоу и додаде дека таа не е единствента која негативно коментира за колешката од Црна Гора.

„Повеќето учесници Катарина ја доживуваат како најголема конкуренција. Гледачите и се наклонети, но и жирито. Секогаш добива најдобри критики, а со тоа и гласови. Иако шоуто е од хуманитарен карактер, сите сакаат да бидат први и свесни се дека Катарина е најблиску до победата. Сите и се плашат,“ пренесе изворот.

Покрај Катарина, на тапет е и Елена Ристеска затоа што продуцентите и го финансираат превозот за пробите и настапите, додека Бане Мојичевиќ бил скромен никогаш не доцнел и бил особено посветен на пробите, а не оптеретен со победа. Според медиумите во Србија од сите најдвреден бил пејачот Драган Којиќ Кеба, кој деноноќно вежбал за да биде што поуврелив.

 

Вечерва на Сител телевизија го гледаме петтото издание од „Твоето лице звучи познато“, а нашата Елена Ристеска ќе се претстави со имитација на Џенифер Лопез. Секако, сите коментираме на Твитер со хаштаг #тлзп и #tlzp за потоа да ги одбереме најинтересните коментираи и да ги пренесеме на ТВ Пакет.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …