Почетна / Живот / Успешно завршен саем за македонската компанија РИ ЕП- Охрид во Полска

Успешно завршен саем за македонската компанија РИ ЕП- Охрид во Полска

 

Најдобриот македонски природен камен Травертин беше претставен на саемот Kamień-Stone во градот Познан, Полска. Друштвото за производство на комерцијални блокови, масивни елементи и плочест материјал „РИ-ЕП ДОО“ – Охрид со изложување на сопственото производство се претстави на уште еден од главните европски саеми за природен камен. РИ-ЕП е компанија којашто поседува рудник за травертин и два погони за преработка. Компанијата активно се занимава со експлоатација на травертин и негова преработка од 1995 година.

 

 

„Ова беше уште еден одличен саем каде ги презентиравме нашите производи и се отворија нови можности за соработка и планирање извоз на Далечен Исток во Јапонија. Да се биде дел од саемот STONE значи дека, пред сè, имате висок квалитет на производите кои ги задоволуваат стандардите на национално и меѓународно ниво што е уште една потврда за нашата добра производна практика“ – изјавија од компанијата.

Во текот на саемското претставување, раководството на РИ-ЕП воспоставија контакти со компании од голем број европски држави, како и компании од Блискиот Исток. Претходно во септември рудникот успешно се претстави со своите производи на саемот за камен Marmomacc во Верона, Италија.

На саемот Kamień-Stone се случуваат најважните деловни средби од индустријата за камен во Централна и Источна Европа. Учествуваат компании од Европа и светот. Таму се презентираат најновите производи, се дискутира на теми важни за одржување на индустријата, има интерактивна презентација на професионални машини, уреди и нови технологии. Се одржуваат и конференции и обуки на кои се информираат со сите новости од делот на индустријата за природен камен.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 15-ти септември голема забава со Tale Of Us на Средно Водно

Tale Of Us – дуото на современата електронска музичка сцена на 15-ти септември ќе настапи во …