Почетна / Забава / Носталгични сеќавања | цртаниот филм „Том и Џери“ наполни 75 години

Носталгични сеќавања | цртаниот филм „Том и Џери“ наполни 75 години

 

Сите израснавме со цртанот „Том и Џери“ кој и денеска е популарен меѓу децата. Мачорот и глушецот чија бркотница никогаш не престана се дел од сечие детство, а ние денеска носталгично се сеќаваме и го одбележуваме 75-от роденден на овој цртан филм.

 

 

Овој легендарен анимиран филм е дело на Вилијам Хана и Џозеф Барбера. Цртаниот филм кој ги придружуваше авантурите на главните актери, мачката Том и глувчето Џери, и нивното комично насилство, од страна на магазинот „Time“ е вброен меѓу најдобрите телевизиски серии на сите времиња. Оригиналната серија од 114 епизоди била создадена за МГМ студиото во периодот од 1940 до 1957. Во овој период Хана и Бербера добиле седум оскари.

Во првата епизода, во далечната 1940-та година, главните ликови имале малку поинакви имиња. Том се викал Џаспер, а глувчето Џери го носело името Џинкс. Сепак, аниматорот Џон Кар една година подоцна го заменил името на парот во Том и Џери, а Том и Џери било заедничко име од 19 век со кое се опишувале младите во Лондон склони на диво однесување.

Со текот на годините, Хана и Барбера биле заменети со Џин Деич (1961-1962), Чак Џонс (1953-1967), a Cartoon Network неодамна објави нова серија, која се состои од два 11-минути анимирани филмови создадени во визуелен стил на оригиналната серија.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …

error: Содржината е заштитена!