Почетна / Сапуници / Турската акциона серија “Крв и солзи” од среда на Алфа

Турската акциона серија “Крв и солзи” од среда на Алфа

 

Крв и солзи – од понеделник до петок на Алфа во 22.15 часот

 

Од среда во 22.15 часот на Алфа започнува нова турска серија, насловена како “Крв и солзи”. Крв и солзи” е турска криминалистичка серија, која ја споредуваат со популарната “Долина на волците”, но овде наместо Полат имаме нов херој, Сердар. Серијата се здоби со голема контроверзност меѓу турската публика, па дури и продуцентот беше уапсен поради снимени и емитувани сцени во кои има богохулење и во кои пророкот Мухамед е претставен на погрешен начин. Во Турција се уште се снимаат и емитуваат нови продолженија на оваа акциона драма.

 

 

Содржина:

Ова е приказна која доаѓа од југоисточниот дел на Турција каде што секој ден има лоши вести, крв и солзи поради многуте терористички акции на групи кои доаѓаат надвор од границите на тој регион. Тие терористи сметаат дека ги поседуваат тие територии, киднапираат, силуваат, а целта им е уривање на турската држава. Но, и покрај таквата судбина која го снашла народот, младите што живеат тука се полни со љубов и родољубие за својата земја. Војници и луѓе се мета на оружјето на омрзата секој ден. Многу љубовни приказни завршиле уште пред да бидат почнати. Тагата расте уште повеќе заради предавствата и платениците.
Оваа приказна, оваа судбина на неговите сонародници сака да ја оконча командант Сердар кој ја дели истата судбина – и љубовна и патриотска. Тој сака мирот и пријателството да залвладеат наместо омразата и вековните оружени битки. Неговата идеја и намера ќе започнат да ја следат многу други млади луѓе и најавуваат дека се подготвени да одат до крај само за да ја запрат оваа трагична судбина.

 

Но, коммандантот Сердар има и една лична приказна и причина поради која го става својот живот на коцка во многу смртоносни ситуации. Тој е во потрага по својата сестра која е грабната од терористите. Додека е во потрага по Зехра, неговата сестра, и додека го изложува својот живот на ризик, тој се заљубува во девојка која е на страната на непријателите. Тоа е девојка со која израснал заедно, но од која војната го разделила. Во една таква ситуација, љубовта и страста се судираат со омразата и државните непријатели.

 

Кој ќе биде победник во оваа битка? Кој ќе биде поразен во триаголникот на љубовта? Кој ќе го запре огнот на насилството, а кој ќе го сочува огнот на љубовта?

Улоги: Mert Kılıç (Сердар), Dilara Büyükbayraktar (Наза), Mehmet Korhan Fırat (Шахин), Bora Karakul (Девран), Merve Akaydın (Асли) и др.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бодрумска приказна“, нова семејна викенд драма на Сител телевизија

Во наредните месеци на телевизија Сител секоја сабота и недела во 21.30 часот ќе се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!