Почетна / МК Сцена / Три години од создавањето на ТВ Пакет

Три години од создавањето на ТВ Пакет

 

На овој ден, 24-ти октомври, пред три години форумџиите од некогашниот форум „Серии МК“, денешен „ТВ Пакет Форум“, одлучија да создадат нешто што немаше во Македонија, нешто што ќе биде од корист за телевизиските гледачи, а богами и за оние што раководат со телевизиските програми.

 

Со текот на годините растевме како личности, но и како новинари. Направивме се за единствениот телевизиски портал во Македонија да опстане до денес, и ете тука сме, со околу 20.000 уникатни посетители дневно ТВ Пакет се вбројува во еден од најпопуларните интернет портали во Македонија, и како највлијателен во одлуките на телевизиските уредувачки тимови. Тука сме за сите фанатици на телевизијата, но не сакаат и сеирџиите, бидејќи редовно сервираме сочни наслови.

 

Им благодариме на сите телвизии и продукции што редовно соработуваат со нас, се надеваме дека со годините взаемната соработка меѓу македонските телевизии и ТВ Пакет во иднина ќе расте уште повеќе. Заедно до подобра телевизиска програма!

 

 

 

 

 

 

| Тимот на ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момците од „Либеро бенд“ најавуваат нова песна со видео запис

Интересен  и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од …