Почетна / Сапуници / Забранета љубов од два континента во шпанската серија на Pickbox
Спој меѓи убавините на Шпанија во 50-тите години и неправдите во Африка во новата серија "Два Живота"

Забранета љубов од два континента во шпанската серија на Pickbox

Од понеделник до петок на кабловскиот Пикбокс канал следете ја новата шпанска сапуница “Два живота”, снимена во 255 продолженија.

Јулија е жена која моментално живее живот каков што нејзината мајка и нејзиниот иден сопруг планирале за неа. Кога ќе се омажи, таа открива голема семејна тајна која засекогаш ќе ја промени.

На работ на нервен слом, Јулија решава да се раздели од нив. Таа наоѓа засолниште во едно затскриено гратче во планините во Мадрид каде што ќе има комплицирана мисија: да ја преземе контролата над својата судбина.

Паралелно со приказната за Јулија, ја следиме и приказната за нејзината баба Кармен, но овојпат дејството се одвива во 50тите години од минатиот век.

Кармен тогаш е млада жена која ги напушта удобностите на метрополата за да го запознае својот татко во егзотичната колонија Шпанска Гвинеја.

Кармен открива дека Африка има многу подиво лице отколку што некогаш замислувала, а нејзиниот живот се менува од темел. Ќе се соочи со тешка дилема: да се придржува до неправедно утврдените правила или да го следи сопственото срце.

Разделени повеќе од половина век и на два континента, Кармен и Јулија имаат многу повеќе заедничко од нивните семејни врски. Двете се жени кои се борат да ги исполнат своите соништа, кои не се усогласуваат со нормите наметнати од другите и кои ќе ја најдат љубовта таму каде што најмалку ја очекуваат.

Незаборавна авантура на улиците на Мадрид и турбулентната Шпанска Гвинеја. Забранети љубовни врски и неочекувани семејни тајни во интересната шпанска серија која на Pickbox TV ќе се емитува од понеделник до петок во 20 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Известување | „Забрането јаболко“ со нова епизода и во сабота

Авангардната босфорска драма “Забрането јаболко” не престанува да изненадува со секоја нова епизода. Борба за …

error: Содржината е заштитена!