Почетна / Серии / Телма ги замени премиерните термини на серии со репризи

Телма ги замени премиерните термини на серии со репризи

 

Телма ја пополни програмата со репризи

 

Откако во октомври започна со емитување на многу нови серии, Телма телевизија наиде на позитивни критики од страна на онаа публика која не гледа турски синхронзиирани серии и српска програма. Но во голем дел од термините во кои се емитуваа премиерни серии веќе одат и ќе одат истите серии, прикажани пред месец – два.

 

 

Па така британската серија “Времето минува” веднаш по нејзиното завршување започна со реприа во претпладневниот термин. Во 14:50 часот, веќе по трет пат се репризира хумористичната серија “Монти Пајтон” и тоа два пати се репризира едно по друго. Во 17:30 часот, по завршување на премиерната семејна драма “Судијката од Седар Ков” повторно ќе се репризираат шпанската “Писмо за Евита” и италијанската “Росела” кои во истиот тој термин одеа до пред неполн месец. Дали гледачите кои се со Телма во тој термин ќе сакаат истата серија да ја гледаат повторно?

Во вечерниот термин од 21.00 часот ќе се репризира веќе емитуваната француска “Џо”, која исто така до пред Нова година одеше на програмата на Телма. Освен овие серии, Телма репризира и дел од документарните емисии кои ги има давано како оние за најнеобичните животни и најславните улици во светот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!