Почетна / Телевизија / Театарска драма за љубовта и бракот со Беличанец и Дац денеска на Наша

Театарска драма за љубовта и бракот со Беличанец и Дац денеска на Наша

15 јули (недела) на Наша во 21 часот и 15 минути

 

„Љубовници“ е драма за љубовта и за бракот, но пред се за најдлабокото и најнепознатото во секој од нас, емоциите. Љубовта се случува, без причина и без посебност во било кој од нас како предуслов.

Љубовта не е избор, таа трае и исчезнува. Таа е наше внатрешно богатство, двигател на нашето живеење ако дозволиме емоциите да ни ги водат мислите и постапките. Рационалниот живот е сиромашен, сив, здодевен. Љубовта е секогаш со нас и чека да биде ослободена за да живееме со полно срце кое сака, раце кои милуваат и дух кој чувствува дека може да го освои светот!

Актерската екипа ја сочинуваат Билјана Беличанец – Алексиќ, Драган Спасов – Дац, Зоран Љутков, Маја Вељковиќ – Пановска. Во претставата актерот Драган Спасов-Дац толкува лик на доктор-гинеколог, Зоран Љутков е адвокат, Маја Вељковиќ-Пановска е сопруга на докторот-гинеколог, а Билјана Беличанец Алексиќ е сопруга на адвокатот и уредник на модно списание.

„Претставата е урбана и современа љубовна приказна, во чии реплики ќе се пронајдат многу луѓе. Тоа не привлече како актери, додека на текстот ништо не може да му се додаде, ниту да му се одземе, и во текот на подготовката немаме скратено ниту една реплика“, рече актерката Маја Вељковиќ-Пановска.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …