Почетна / Серии / Освен на Телма, реприза на крими акцијата „Антимафија“ и на Алсат-М

Освен на Телма, реприза на крими акцијата „Антимафија“ и на Алсат-М

“Squadra antimafia – Palermo oggi” репризно и на Алсат во 22.35 часот

На што се подготвени две жени за да ја спречат немилосрдната борба која престои меѓу мафијашките фамилии во Италија? Борбата по криминалот и желбата за правда низ ќе ги води токму овие две жени во италијанската драма  “Антимафија”, која репризно ја следевме на Телма телевизија, а сега и на Алсат М, наменета за гледачите од албанската популација.

Центарот на дејството на овој процедурал е во Палермо, градот во кој е уапсен Бернардо Провезано, последниот кум на мафијата и крал на подземјето. И сега, кога неговата моќ е пресечена, постои опасноста дека некој друг ќе застане на чело на “Коза Ностра”. Моќните мафијашки семејства се подготвени за борба за власт и превземање на кланот, но тука е “Антимафија тим”, новиот формиран оддел за борба против криминалот и спречување на злосторствата. Од понеделник до петок по вестите на македонски на Алсат, ќе се емитуваат репризните епизоди на “Антимафија тим”.

Заменикот шеф на полицијата, Клаудија е повикана да се приклучи во тимот Антимафија, кој го води Стефано. Но, по неговото убиство, за тимот Антимафија повеќе нема место и простор за пропусти и допуштања – во игра е буквално се’. Тимот за борбата против мафијата ќе мора на секој можен начин да ја спречи динамиката на мафијашките семејства и нивните цели и активности, па макар да се служи и со шифрирани пораки, прислушкување на телефони, сателити и софистицирани шпионски технологии.

Покрај Клаудија, се запознаваме и со младата Роси, која од Америка доаѓа во Италија на својата свадба. Таа е дел од семејството кое се смета за најстар криминален клан во Италија и кои се на мета на полицијата. Но, по нејзиното враќање, ја очекува нешто неочекувано. Дали сега таа ќе биде приморана да се вклучи во тимот на Антимафијата и да застане против сопственото семејство?

Главните улоги ги толкуваат Luca Angeletti, Antonella Attili, Antonino Bruschetta, а првото емитување на серијата на Телма беше пред една година.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!