Почетна / МК Сцена / Стефан е баран за Њу модел универзал во Доменикана

Стефан е баран за Њу модел универзал во Доменикана

 

Ланскиот мистер Си ворлд 2012 Стефан Лошковски официјално е поканет во март да учествува на престижниот избор за убавина Њу модел Универзал во Домениканска Република.  Во писмото кое денес пристигна на адреса на организаторот Зоран Василевски јасно стои дека Доменикана го сака токму  Стефан на овој прсетижен  избор.

„Нашата делегација лани присуствуваше на мистер и мис Си Ворлд и ние сме воодушевени од македонското момче кое понесе дури две титули. Годинава на мистер модел Универзал ќе има преставници од целиот свет, па се надеваме дека Стефан Лошковски достојно ќе ја претстави вашата земја“, се вели во писмото.

 

 

Еден од организаторите на овој избор Карлос Луис Моралес  се надева дека Македонија и овој пат ќе има голем успех и нагласува дека посакуваат токму Лошковски да ја претставува Македонија.

Стефан Лошковски лани во Перу на Мистер Си ворлд 2012 се закити со две титули, мистер Фејс и мистер Си Ворлд со што беше првиот македонец кој победил на ваков прсетижен избор за машка убавина.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Биба Додева со нова верзија на „Скопје“ од Леб и Сол

Биба Додева со нова верзија на познатата „Скопје“ од легендарните Леб и Сол, дело на …