Почетна / Сапуници / Интересна и специфична серија – „Хотел Русија“ во 17.50 часот на МТМ

Интересна и специфична серија – „Хотел Русија“ во 17.50 часот на МТМ

Oд понеделник до петок во 17.50 и 21.00 часот на Прва скопска МТМ ќе се емитува руската мини серија во која главната улога му припадна на српскиот актер Иван Босилчиќ, сопруг на пејачката Јелена Томашевиќ.

Најдобрата регионална ТВ во скопската околина реши повторно да им го приреди уживањето на гледачите, емитувајќи ја оваа серија. Серијата нè запознава со младата Ксенија, која работи како администратор во познатиот московски хотел.

Оваа дама е одговорна за приемот на гостите, нивно сместување и удобност, а гостите се во главно припадници на советската елита, политички и криминални лидери, како и странци од високи општествени сталежи.

Тој хотел е местото каде се преклопуваат различни политички и меѓународни групи, и каде не може било кој да влезе и излеззе. За да се биде гост во тој хотел, мора да имаш добро општествено влијание, но и многу труд и среќа. Затоа што големи тајни и големи договори се кријат токму таму.

Имајќи предвид дека секојдневно во овој мистериозен хотел се одвиваат борби за власт и преговори, на Ксенија нема да ѝ биде лесно да остане надвор од сето тоа. Во светот на лагите и лицемерието, таа се запознава со младиот Мануел од Никарагва, кој дошол во СССР да купи оружје за да ја преземе власта во својата земја.

Силна страствена врска ги спојува Ксенија и Мануел, чија љубов ќе биде доведена во многу искушенија, но ќе застане и пред тешки одлуки.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина незаборавната Шахика, негативката во „Забрането јаболко“

Неверојатен пресврт во најновата епизода од популарната гламурозна драма “Забрането јаболко”. Серијата која постави високи …

error: Содржината е заштитена!