Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 2-иот ден

Срвајвр – пресек на 2-иот ден

 

 

Натпреварувачите ја минаа првата неспиена ноќ. Различните шушкања, немирните мајмуни  и инсектите најмногу ја вознемирија Алекс, која се надева дека ќе излезе прва. Таа ќе ги замоли своите пријатели да ја номинираниаат, затоа што како што вели “на секој гостин доста му се три дена”.

 

Пресек на 2-иот ден


 

Првите возбудувања доаѓаат со изборот за поглаварите на племињата. Освен одговорноста, поглаварите ќе имаат и привилегија – личен имунитет. Тој ќе трае само три дена, се додека не дојде време за нов избор на поглавар, и се така во круг. Првиот ден Невен и Алекс испливаа последни до брегот, но наместо евентуалните казни или елиминации тие двајца добиваат титула на поглавар во племето. Доаѓа време за најтешкиот дел – одбирање на соплемениците.

Алекс прва треба да каже кого не сака во своето племе, и таа личност автоматски ќе стане дел од таборот на Невен. Нејзиниот избор е Радован, а изборот на Невен е Огњен. Кога Андријана го праша Невен зошто се откажал токму од познатиот одбојкар, тој одговори дека затоа што не го удрил добро по задникот. Алекс е поглавар на портокаловото племе, по име Борука. Нивниот заштитен знак е јагуарот, богот на шумата, а членство во овој тим обезбедија: Огњен, Станија, Жаре, Александра, Ава, Милан, Себастиан и Влада. Во виолетовото племе на Невен – Матамбо, чиј заштитен знак е крокодилот инаку бог на водата, се најдоа: Радован, Маја Лена, Миа, Јелена, Мартина, Никола, Марко и Кристина.

 

На ред е и првата игра. Победничката екипа ќе добие оган и ќе се врати на островот којшто веќе е познат за нив. Губитничкиот тим останува без оган и се сели на нов остров, каде изградбата на кампот допрва почнува. Играта бара од натпреварувачите да се протнат под стубот копајќи во песокот како и сложување на сложувалка. Поглаварите ги одбраа своите претставници за оваа борба. Боите на Борука ги брани Себастиан, а на Матамбо Никола. После многу мачење за победник е прогласен Себастиан.

 

Поглаварот на победничкото племе Борука, Алекс, смета дека благодарение на консултацијата со Огњен околу бирањето на соплемениците направила одличен тим. Станија се самопрогласи за готвач, но се надева дека и останатите жени ќе и помагаат. На момците им остана да изгадат што подобри темели за куќата во џунглата. Невен не се грижи за поразот на неговата екипа, тој добро се забавува и гледа што останатите прават, бидејќи на Костарика дошол заради одмор. Повеќе се грижи за тоа дека Радован е незадоволен од фактот што не е во исто племе со Александра, затоа што меѓу нив веќе почнале да избиваат љубовни искри. Мајката и ќерката, Миа и Маја Лена не очекуваа дека ќе бидат во исто племе, а Јелена смета дека ќе излезе прва затоа што не се дружи со ниту една жена. Матамбо на својот нов остров има проблем со огромните лигави жаби кои им сметаат во спиењето. Најголем проблем има Кристина која многу се плаши од нив… ова за неа ќе биде уште една неспиена ноќ.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …