Почетна / Серии / Британската крими драма „Валандер“ од понеделник до петок на МТВ 1

Британската крими драма „Валандер“ од понеделник до петок на МТВ 1

 

Нова серија на МТВ 1 – криминалистичката “Валандер”

 

На местото на “Magic city” на првиот канал на Македонската телевизија во 21:10 часот започнува британската криминалистичка драма “Валандер”. Ќе се емитува од понеделник до петок, а македонските гледачи ќе имаат можност да уживаат во вкупно 3 сезони колку што се и снимени, односно 18 епизоди.

 

 

Серијата е снимена според романот на шведскиот автор Хенинг Манкел, кој успеал со невидена леснотија да го оживее ликот на инспекторот Курт Валандер. Серијата освои 5 награди Бафта, две номинации за наградата Еми и награда од  новинарското здружение за Кенет Брана, како најдобар артист.
Серијата со врвна продукција ни носи различни, интригантни случки, преку кои Валандер, со помош на нововработените во полицијата, својата ќерка Линда и колегата Стефан, успешно ги решава и „најзамрсените” случаи.  Главните ликови мора да се потпираат едни на други не само за да ја откријат вистината туку и да ги зачуваат сопствените животи.  Валандер е детектив од висок ков, кој се потпира на сопствениот инстинкт и искуство, а многу често се служи и со неконвенционални методи, па дури и со недозволени средства за да го реши случајот.
 
 
 
 
Во првата епизода која ќе може веќе во петок да ја погледнете на МТВ 1, самоубиството на една млада жена и подмолното убиство на еден министер од Владата ќе бидат голем предизвик за инспекторот Валандер, кој преку овој случај ќе открие голема корупциска афера.

Режијата е на  Филип Мартин, Најал Мекормик, Хети Мекдоналд, Ејслинг Волш, а сценариото дел на Хенинг Менкел (автор на романот), Ричард Котан (адаптација). Во главните улоги настапуваат Кенет Брана, Сара Смарт, Том Хидлстон, Ричард Мекејб, Том Бирд, Седи Шимин, Џини Спарк и др.
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …