Почетна / МК Сцена / Споменик ќе добие и Гоце Арнаудов

Споменик ќе добие и Гоце Арнаудов

Споменик ќе добие и Гоце Арнаудов

 

Нови споменици ќе се постават во Струмица, од кои еден во чест на познатата македонска фолк легенда Гоце Арнаудов, јавува Кирилица.

 

Арнаудов ќе добие спомен-обележје поради придонесот за афирмација на градот Струмица и афирмација на македонската народна и новосоздадена песна. Исто така, општина Струмица ќе постави три нови спомен обележја со кои ќе се изразува почитта и грижата на граѓаните на општина Струмица за зачувување на споменот за нив и нивните дела.

„Станува збор за споменик на жртвите од пожарот на 23. јули 2012. година, браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од Рич, Митко Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса. Според информациите, споменикот ќе биде дело на познатиот светски скулптор од Русија, Григориј Потоцки, а неофицијално, според првичните разговори, споменикот ќе биде поставен на ридот покрај „двата пата“, каде се случи трагедијата, пишува СтрумицаНет.

Споменик во Струмица ќе добие и Јуриј Гагарин, првиот руски и светски космонаут што на 12. април во 1961. година прв ја прелетал Земјата.

 

 

Martin M. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!