Почетна / Забава / Евровизија / Словенија на Евровизија

Словенија на Евровизија

20/43

 СЛОВЕНИЈА

Изведувач: Eva Boto
Песна: ‘Verjamem’
Второ полуфинале (24/05/2012)

 

По минатогодишниот успех на сјајната Маја Кеуц и освоеното 13-то место во финале, Словенија и годинава се реши да оди по истиот принцип на бирање изведувач како и минатата година. „Мисија Евровизија“ беше нивното реално шоу кадешто се пријавуваат музички таленти. Од избрани 130 изведувачи само 32 имаа среќа да одат во неколкуте шоуа емитувани во живо каде што пееја познати странски и Евровизиски хитови. Секоја недела беа емисиите и елиминациите, за да на крајот во финалето останат Ева Бото и близначките Ева и Ника. ЕМА 2012 или нивното национално финале се одржа на 26-ти февруари, кадешто Ева и близначките ги претставија своите три песни. Во втората рунда на гласањето беа одбрани најдобрите песни од натпреварувачите. Победник беше Ева и песната „Верјамем“ зад која како композитор се потпишува Владимир Грајиќ, човекот кој ја направи српската „Молитва“. Според мене, ова е сјајна и силна песна, се надевам дека ќе остане на словенски бидејќи успехот од лани сигурно ќе го задржат!

 


Резултати од националното финале:

(Супер финале)

01 – 22 / 28 385 – Eva Boto – Verjamem
02 – 22 / 12 884 – Nika & Eva Prusnik – Konichiwa

(1-ва рунда)

03 – 15 – Eva Boto – Run
04 – 14 – Eva Boto – A si sanjal me
05 – 12 – Nika & Eva Prusnik – Malo srece
06 – 11 – Nika & Eva Prusnik – Love hurts

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!