Почетна / Телевизија / Сеќавање за минатите времиња во новиот српски серијал на Алфа

Сеќавање за минатите времиња во новиот српски серијал на Алфа

 

Нова српска емисија на Алфа телевизија – секоја недела во 21 часот на Алфа

 

Од утревечер (недела) со почеток во 21 часот, Алфа телевизија го започнува со емитување најновиот српски серијал, наречен “Нежни времиња – Кој е кај Којо”, во продукција на РТС. Серијалот ќе се емитува секоја недела во истиот термин, веднаш по завршување на “Браво шоу” на Алфа.

 

 

Креаторите на овој забавно музички и игран серијал го опишуваат проектот како враќање кон вистинската телевизија, со содржини за целото семејство, со многу хумор, квалитетна музика и врвни изведувачи. Серијалот има 12 епизоди и секоја од нив има своја, посебна тема: „Деца глумци“, „Шлагери“, „Автомобилизам“, „Патувањата во Трст“, „Каубојци“, „Работните акции“, „Фудбалери“, „Копаркари“…

 Серијата има за цел да потсети на некогашната општа наивност, на лежерниот начин на живеење, на времето кога вестите кои денеска ни се смешни, тогаш ни беа револуционерни… Главните ликови и домаќини во ова шоу се Никола Којо и Весна Триваловиќ, а нивни гости се редица познати фаци од регионот од различни области и од многу различни периоди…
 
 
 
 
Во првата емисија гости ќе бидат Владо Георгиев, Јелена Розга, Сара Јовановиќ и Дара Џокиќ, а на хумористичен начин ќе се присетиме на нежните времиња кога сме патувале во Трст во потрага по подобар живот. Во овие емисии кои ќе ги емитува Алфа, хуморот ќе биде главен приоритет, а место за избацивања, глупирања и шунд ќе нема.
 
 
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …