Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #80 |Alevosía

Предавство, епизода #80 |Alevosía

 

Хулија, првата сопруга на Алваро е решена да го извади поранешниот сопруг од канџите во кои е паднат и да го спаси од Тринидад. Првиот план од стратегијата и е да ја побара Трини и да и да започне пријателство со неа. На почетокот Трини е скептична, но сепак одлучува да излезе на кафе со Хулија.

Хоакин се чувствува ужасно поради тоа што ја изневери Естер и нема храброст да и каже на својата сопруга дека бил со келнерката.

Густаво ги известува Мирјам и Габино за состојбат ана неговата сорпуга. Неговите тетин и тетка одлучуваат да му ја дадат целата можна подршка. Мирјам го потсетува Габино дека кога умрела сестра и Маргарита и ветила дека никогаш нема да го остави сам нејзиниот син Густаво.

Хулија се наоѓа на договорената средба со Трини и ја известува дека заено можат многу полесно да му ги извлечат парите на Алваро. Трини е скептична но Хулија и се заканува дека или да прифати да игра по нејзино и да делат пола пола или ќе загуби се што Алваро поседува.

Октавио е сам во станот кој го изнајмува во сиромавиот кварт. Без рака, парталав и извалкан талка по улиците и собира пари од минувачите за алкохол кој е единствената утеха во тие денови.

Марко повтроно и изјавува љубов на Анхелес но таа повторно не му одговара. Марко ја прашува дали и таа ги има истите чувства за него и дали го љуби таа му одговара дека го сака но дека се плаши да не биде оставена. Марко и ветува дека секогаш ќе ја љуби а слушајки го тоа, Анхелес се чувствува исполнето и сакано како никогаш порано.

Диего низ созли му се исповеда на својот пријател Раул дека се плаши од моментот кога смртта ќе ја стигне неговата мајка. Раул го теши со пријателска прегратка.

Ноќта Анхелес почнува да се сеќава на една ситуација и жолчна расправија со својата мајка. Прво мислејки дека сонува, девојката сфаќа дека тоа се сеќавања и истрчува во солзи кон собата на Лусија и ја моли за прошка за се што претходно и правела. Со солзи во очите Лусија ја прима својата сакана ќерка во прегратка велејки и дека се е заборавено.

 

продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …