Почетна / Сапуници / Џемре од „Ангели”: Заради пандемијава имам панични напади и страв

Џемре од „Ангели”: Заради пандемијава имам панични напади и страв

Хазар Мотан го толкува ликот на Џемре во турската хит серија “Ангели” на Сител.

Родена е во 1990 година во Анкара. Нејзината мајка е режисерка, па Хазар често времето го минувала по снимања со неа уште од рана возраст. Повеќе од сè друуго, таа сакала од секогаш да се занимава со глума.

„До пред неколку години живеев во Анкара. Дојдов во Истанбул на ангажман во една серија. Мајка ми е режисер, затоа многу време поминав на снимање како дете. Токму затоа сум навикнатa на таа околина. Отсекогаш сонував да станам актерка. Мајка ми секогаш ми велеше дека ова е исклучително напорна работа, но таа ме поддржуваше во моите потфати и желби.

Мојот прв ангажман не успеа, па се онесвестив. Почнав да се прашувам дали проблемот е во мене. Периодот на чекање за ангажман на актерите може да биде многу тежок. И јас чекав долго.

Отидов на бројни проби и многупати ме одбиваа. Додека живеев во Анкара, патував во Истанбул на проби. Имав трпеливост и чекав долго. Дипломирав на Катедрата за дизајн на Универзитетот во Билкент.

Присуствував на актерските работилници на Мурат и Ајша Атак. Актерството зазема посебно место во мојот живот. Тоа ми дава можност да доживеам многу работи што инаку не би ги доживеала. Некои актери се гладни за слава, но стекнувањето слава не е моја цел “.

Но која е Џемре од “Ангели”? Џемре живеела во богато семејство, во комфор и благосостојба. Во еден момент, нејзиниот татко банкротирал. Во немоќ, тој ја убива мајката на Џемре, а потоа се самоубива.

“Тоа беше прилично тешка сцена. Не се чувствував добро за време на погребната сцена. Се обидував да уживам во Џемре што е можно повеќе. Се прашувам како би се чувствувала јас ако умрат моите родители. Дури и кога спијам, мислам на Џемре. Се обидував да се соживеам со улогата што е можно повеќе. Ова беше одлична можност за мене.

Многу ми се допадна сценариото на серијата. Сите ликови се многу интересни. Пред оваа серија, не знаев многу за животот во сиропиталиштата и домовите за деца и млади. Целиот тим за снимање дури и посети едно сиропиталиште за да ни даде претстава и можност да видиме како живеат таму младите девојки “.

Во врска со идните планови, актерката откри :

Јас навистина сакам да цртам. Во мојот дом имам намера да ги изложувам своите дела за гости. Постојано се обидувам да работам на себе. Редовно посетувам часови по глума. Обожавам да гледам филмови и да вежбам. Внимателно ги гледам сцените во кои играат моите омилени актери “.

Хазар Мотан денес, поради целата ситуација со корона пандемијата, е во карантин. И покрај олабаввање на мерките, таа често чувствува паника, дури и кога некој ќе и се приближи или ќе ја допре.

Поради тоа, времето го минува на социјалните мрежи каде често четува со своите фанови кои ги стекна уште од времето на снимањето на “Ангели”, која ја следите од понеделник до петок во 22.40 часот на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шениз од „Суровиот град“ – „жешка“ и сурова и приватно

Турската актерка Мине Тугај ја гледавме во улогата на опасната Шениз Карачај во турската драма …

error: Содржината е заштитена!