Почетна / Забава / Евровизија / Русија на Евровизија

Русија на Евровизија

23/43

 РУСИЈА

Изведувач: Buranovskiye Babushki
Песна: ‘Party for Everybody’
1 Полуфинале (22/05/2012)

 

Руската национална телевизија на 28-ми декември минатата година го потврди своето учество и на оваа Евровизија. Не се знаеше по кој принцип тие ќе го изберат претставникот, се додека не објавија дека повторно ќе гледаме Национално финале како и претходните години. 25 изведби одбрани од специјално жири беа изведени на 7-ми март. Меѓу изведувачите се најде и познатот руски рапер Тимати, а и Евровизискиот победник Дима Билан во дует со Јулија Волкова (член на веќе непостоечкиот бенд Т.А.Т.У). Дуетот Дима/Јулија го освои второто место со освоени 29% од гласовите. Победата ја однесоа атракцијата Бабушки чие учество на Националниот избор им беше второ. Осумте баби од селото Бураново ќе се обидат да ја донесат победата во Русија, бидејќи со оглед на кладилниците тие имаат големи шанси да се најдат меѓу најдобрите на Евровизија. За мене песната не е толку добра колку што тие се интересни, и би им дал поголем број поени заради самата атракција.

 

 

 Резултати од националното финале:

01 – 38,51 – Buranovskiye Babushki – Party for everybody
02 – 29,25 – Dima Bilan & Yulia Volkova – Back to her future
03 – 26,74 – Timati & Aida Gariffulina – Fantasy
04 – 6,98 – Syostry Syo – Une marionette
05 – 6,73 – Mark Tishman – Money vs love
06 – 6,32 – 4POST – Navstrechu nebu
07 – 5,79 – Polina Smolova – Michael
08 – 5,58 – Elena Ekimova – Do you like?
09 – 5,32 – Katya Savelieva – Life’s beautiful
10 – 5,09 – Riff Action Family – Sky
11 – 5,06 – Farinelli Balls – Breath away song
12 – 5,00 – The Ups! – Kiss
13 – 4,96 – Lena Maksimova – Brave
14 – 4,68 – Chinkong fr. Karina Koks – High up
15 – 4,52 – Olga Makovetskaya – Positive emotions
16 – 4,44 – Unite it – Filling my life
17 – 4,28 – Rene – I miss you
18 – 4,24 – Marie Karne – Mezhdu nebom I zemlyoy
19 – 4,15 – Irson Kudikova – Woman’s heart never lies
20 – 4,06 – Efrosiya – Ya tebya lyubila
21 – 4,02 – Ksenona – Close my eyes
22 – 3,93 – Pavla – One million butterfiles
23 – 3,65 – Ed Shulzhevskiy – Sto (100) minut
24 – 3,46 – Sardor – Believe
25 – 3,23 – Jet Kids – Oh, yeah

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …

error: Содржината е заштитена!