Почетна / Забава / Дарко Рундек и Екипа со концерт на Антички во Охрид на 15-ти август

Дарко Рундек и Екипа со концерт на Антички во Охрид на 15-ти август

После концертот на Амира Медуњанин , ова лето следува втор проект на Авалон продукција во Античкиот театар во Охрид. На 15-ти август ќе настапи Дарко Рундек со својата екипа којшто конечно ќе има концерт на вистинското место како што заслужува.

Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.

Влезниците ќе може да ги набавите онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава, по следниве цени и категории:

ТРИБИНИ – 1.000 денари
ВИП – 1.500 денари

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поточиња, Каролина и Тамара на Карпошово културно лето

На платото кај „Млечен” и на плоштадот „Делфина” од 26 до 28 август ќе се …

error: Содржината е заштитена!