Почетна / МК Сцена / Рената освојува со синглот за божиќните празници!

Рената освојува со синглот за божиќните празници!

 

Младата музичка надеж, која ветува интернационален успех Рената Кралевска од неодамна ја сними својата четврта песна изведена на англиски јазик. Песната која го носи насловот „This Christmas Night“ од 3. декември ја доживеа својата светска промоција, за таа цел независната музичка продукција „Sky Eye Entertainment“во соработка со најголемиот промотор на светските хитови ширум планетата „Radio Express“ по трет пат се согласни за нашата пејачка да се најде во новото издание на планетарни хитови и да се слушне нејзиниот најнов сингл ширум целиот свет.

 

 

На 24. декември оваа година песната „This Christmas Night“ ќе биде препорачана и на нивниот официјален сајт на позиција каде години наназад беше препорачана Мараја Кери со најголемиот наменски хит за божиќните празници „All I Want For Christmas Is You “.

Имено, поради светската промоција песната „This Christmas Night“ веќе е во продажба преку големите музички продавници на iTunes, Amazon, eMusic, 7digital и многу други. Главниот виновник за големиот пробив на Македонката Рената е веќе докажаниот продуцент  Зоран Алексиќ кој по тој повод изјави:
 
„Презадоволен сум од тоа како се одвиваат работите за нас. Се е по планот, дури и повеќе од очекуваното. Овој „новогодишен“ сингл излезе наменски за да ја зголемиме архивата на божиќни песни се’ со цел за поубави празници. Засега на наше задоволство добиваме позитивни критики од најразлични страни на светот.  Искрено се надевам дека ќе им се допадне на слушателите и во Македонија“, изјави Алексиќ.

„Во изминатиот период и во периодот кој ќе следи целосно сме посветени на албумот кој ќе се појави 2013. година. Додека во март следната година ќе се обидеме да ги изненадиме сите слушатели на урбаниот звук со нов сингл и деби видео спот од Рената“.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …