Почетна / МК Сцена / „Дајте ми ја Бисера“ во фантастична изведба на „Дипломатик бенд“

„Дајте ми ја Бисера“ во фантастична изведба на „Дипломатик бенд“

 

Музичкиот состав „Дипломатик бенд“ ја промовираше својата најнова видео колекција сочинета од 17 преработени македонски народни евергрини, но и регионални песни со видеозаписи целосно реализирани во „Томато“ продукција.

Меѓу видеата во изведба на момците од „Дипломатик“ јавноста има можност да ги чуе легендарните „Ах ах Ана“, „Ако бевме заедно“, „Отвори го пенџерето“, „Дојди ми Лено на перниче бело“, „Дајте ми ја Бисера“, но и мега популарните регионални хитови како „Живим да те волим“ од Саша Ковачевиќ, „Живиш у облацима мала“ од Здравко Чолиќ, „Луцкаста си ти“ од Мирослав Илиќ, „Доџеш ми у сан“ од Пеџа Меденица и многу други.

 

 

„Дипломатик бенд“ зад себе има огромен број на свирки и настапи ширум цела Македонија. Музичкиот состав се состои од 5 искусни: Петар (саксофон и кларинет), Стефан (клавијатури и вокал), Алек (гитара и вокал), Горан (тапани) и Славе (хармоника и клавијатури).

Во продолжение слушнете ја „Дајте ми ја Бисера“ во изведба на „Дипломатик бенд“, а сите останати видеа можете да ги погледнете на нивниот официјален Јутјуб канал.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!