Почетна / Живот / Почина џиновската желка Џорџ!

Почина џиновската желка Џорџ!

Џиновската желка Џорџ почина вчера (недела) во националниот парк на островот Санта Круз. Осаменото животно кое зад себе не остави ниту еден наследник на својот род, беше последно од својот вид и луѓето го доживуваа како еден вид амбасадор на Еквадор.

 

Возраста на Џорџ не е позната, но научниците веруваат дека тој живееше околу сто години, што не е премногу за една џиновска желка како него. Се верува дека џиновските желки живеат повеќе од еден век. Смртта на Џорџ е изненадување за научниците затоа што тие очекувале тој да живее најмалку уште неколку децении.

Иако уште од далечната 1972 година му биле носени различни желки за да го прошири својот вид, џиновската желка сепак не оставила никакво потомство зад себе.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта

Филхармонија во четврток на 17ти септември 2020 година (20 часот) ќе одржи симфониски концерт на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!