Почетна / Сапуници / Кинеската серија „Седумте мечеви“ на локалните телевизии

Кинеската серија „Седумте мечеви“ на локалните телевизии

 

Приказната за робинката од Далечниот Исток доаѓа во Македонија

 

На локалните телевизии ширум земјава започнува “Седумте мечеви” – кинеска историска серија, базирана на новелата “Qi jian xia tian shan”. Серијата за борбите, за љубовта, предавствата и одмаздата, серија за големите херои во едно дамнешно време.

 

 

Серијата раскажува голема љубовна приказна родена во време на големи борби и владеење на една моќна династија.

Приказната ќе ја следите во 34 продолженија, a режирана и продуцирана е од Tsui Hark. Ова е трета кинеска серија емитувана во Македонија, по “Империја Кин” (Сител) и “Легендата за херојот” (МТМ/Локалните телевизии) кои се емитуваа пред повеќе од шест години.

 

 

Содржина :
Во средината на 17-от век во Кина, императорот Манчус со принцот Докабо, ги освојуваат териториите на империјата Минг и формираaт нова, таканаречена Кинг империја. Стравувајќи дека заедницата на борци, наречени Вулин претставуваат закана за него, владата на кралството Кинг воведува забрана за боречки вештини и за поседување оружје. Армијата на Императорот има за цел да го покори целото село, да го собере сиот данок од сиромашните и да воведе правила на покор и предаденост кон новата Империја.

 

 

Во селото живее младата и убава Јуфант, девојка која работи на житните полиња со ориз и се грижи за своите мали браќа и сестри. Нејзината мајка умрела на породување на последното дете, а нивниот татко е беспомошен и сиромашен старец кој се грижи за сите свои деца.

 

 

Нивната судбина се менува кога добиваат покана да дојдат во Империјата и да ја предадат Јуфант на Принцот Докабо, кој сака да се ожени со младата и невина девојка. Таткото на Јуфанг е приморан на таа одлука со цел да го спаси својот и животот на своите деца, но Јуфанг не сака да биде жртва и робинка на Принцот. Јуфанг успева да побегне дента пред да биде предадена во рацете на Принцот и се придружува на шестмина борци, вешти мечувалци против теророт на императорот Манчус и Принцот Докабо.

 

 

Така започнува борба на седум храбри херои кои ги добиваат седумте мечеви за борба. Во новата дружина, Јуфанг го запознава Чу Тсаонан, главниот борец против политиката на Принцот. Двајцата се вљубуваат еден во друг, но тогаш се појавува девојката наречена Зелениот бисер која успева да го заведе Чу Тсаонан и да го натера да се вљуби во неа.

 

 

Таа е пратена од страна на Принцот да ги дознае сите планови на дружината “Седумте мечеви”, да му ги пренесе и да ја предаде Јуфанг во негови раце. Нејзиниот план постепено се открива кога става отров во храната на Јуфанг и Чу Тсаонан решава да ја избрка од заедницата. Зелениот бисер е свесна дека вистински се вљубила во Чу Тсаонан и дека не може да дозволи да биде со друга жена, но од друга страна е свесна дека Чу никогаш нема да ја сака и дека Принцот ќе ја убие ако дознае дека не го исполнила неговото барање. Затоа Зелениот бисер се самоубива, но пред тоа му кажува на Принцот Докабо каде се наоѓа неговата сакана.

 

Луѓето на Принцот ќе ја киднапираат Јуфанг и ќе ја однесат во палатата каде започнува нејзиниот нов живот на болка, страдање и очај. Желбата да се избега од таму е посилна од се’, а љубовта кон Чу Тсаонан е единствено нешто што ќе ја натера да го оствари својот план. Чу Тсаонан тргнува во немилосрдна борба против Империјата со цел да ја спаси својата љубена и да го ослободи народот од тиранијата која владее во селото.

 

Улоги : Vincent Zhao, Wang Xuebing, Ray Lui, Ada Choi, Qiao Zhenyu, Li Xiaoran, Wang Likun

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!